Ако Грујевски не биде екстрадиран до 17 мај, ќе му се суди во издвоена постапка и за „Трезор“

Од:

„Ако до 17 мај во Македонија не биде екстрадиран ексначалникот на Петтата Управа во УБК, Горан Грујевски, ќе му се суди во издвоена постапка“.

Ова го соопшти судијката Џенета Бектовиќ на денешното рочиште за случајот „Трезор“, за проневера на пари во набавката на сфотвер во МВР.

Таа го задолжи адвокатот Петар Василев во рок од 15 дена да обезбеди полномошно за застапување пред судот на Грујевски, во спротивно судот ќе му додели адвокат по службена должност.

Ова е второ одложување на предмет поради отсуство на Грујевски по „Таргет – Тврдина“, предметот за масовното прислушување, кој на ист начин е одложен и закажан за 15 мај.

СЈО за овој предмет има докази на 14 страници, како и сведоци. Обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски кој е во екстрадициски притвор, ексшефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и помошник-министерот во МВР и поранешен член на Управен одбор на Телеком, Небојша Стајковиќ, дека проневериле државни пари за набавка на опрема за лично богатење.

Станува збор за обвинение за проневерата на пари за набавката на софтверот од странство за потребите на Петтата управа.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Шврговски: Судот донесе законита и правична одлука за „Трезор“

Горан Наумовски

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Се менува кривичното дело за ,,Трезор”, Мијалков добива послабо обвинение

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски