Акција за собирање отпадни батерии во 25 основни училишта низ Македонија

Од:

Компанијата Елколект почнува со акцијата за собирање отпадни батерии во 25 основни училишта низ 11 општини во Република Македонија.

Акцијата ќе трае до ноември, а опфатени ќе бидат Битола, Куманово, Охрид, Гази Баба, Струмица, Босилово, Крива Паланка, Ранковце, Василево, Дебрца и Ново Село. Целта е да се поттикне создавањето добри навики кај децата уште во раната возраст и да се намали количеството отпадни батерии во животната средина.

– Во соработка со училиштата, подготвивме едукативно – информативен материјал и наменски еко-кутии кои се веќе поставени на видливи места во училишните згради. Во нив учениците ќе ги оставаат отпадните батерии од нивните домаќинства и на тој начин ќе спречат протекување на опасните супстанции (цинк, литиум, олово, кадмиум и жива што се содржат во батериите) да ги загадат почвата, подземните или површинските води, информира Елколект.

Елколект е лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори. Како што наведува, континуирано презема конкретни чекори за подигање на јавната свест, првично кај децата, за неопходноста од примарна селекција на отпадните батерии и нивно немешање со останатите видови отпад.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

Орце Костов

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло