Акција за собирање електричен отпад во Долно Лисиче

Од:

Општина Аеродром во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, денеска ќе реализира еко – акција за собирање електронски и електричен отпад во месната заедница „Долно Лисиче“.

Од општината ги повикуваат граѓаните пред оваа месна заедница од 12:00 до 14:00 часот да ги пријават или донесат старите електрични и електронски апарати од домаќинствата, од кои сакаат да се ослободат.

Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи. Под електричен отпад, пак, се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.

Порано овој месец акција за собирање електричен и електронски отпад се одржа во урбаната заедница „Горно Лисиче (југ)“.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

Орце Костов

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло