Акција за почисто Кочани

Од:

Општина Кочани и Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ покренуваат заедничка акција за почист град и почиста околина за живеење.

За таа цел во подготовка е голема собирна акција на кабаст одпад, бела техника, стар мебел и одпад со поголема зафатнина, со цел тој да се отстани од домовите и депонира на одредено место во градот Кочани.

– Акцијата ќе ја спроведеме на 25 и 26 август, а собирните пунктови ќе бидат кај Спомен домот АСНОМ, на улицата „Скопска“ кај градскиот панаѓур и кај Железничката станица, изјави Венцо Бојков,од општина Кочани.

Во акцијата можат да се вклучат и граѓани кои имаат одпад со поголема зафатнина и тие треба да се јават во Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани за навремено преземање и депонирање на соодветно место.

Со оваа акција општинските власти настојуваат градот Кочани и понатаму да остане чиста средина за живеење и посакувана дестинација за голем број жители од сосоедните градови на земјата.

Би можело да ве интересира

Баран во Македонија за 12,5 години затвор, таткото на Ива Михаилова зборуваше на бугарска ТВ

Горан Наумовски

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски