Акција за отстранување електронскиот отпад во Карпош

Од:

Општина Карпош во соработка со „Нула Отпад“ ДОО Скопје овој месец ја продолжува големата акција за собирање отпадната електрична и електронска опрема. Преку оваа акција, според градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски се помага во отстранувањето на отпадната електрична и електронска опрема директно од домовите на граѓаните.

– Општина Карпош организира собирање на електричниот и електронскиот отпад и тоа од домаќинствата на граѓаните на нашата општина. Минатата година се собра ваков отпад во количина од 4,5 тона. Акцијата ќе трае цел месец и сакаме да ги опфатиме сите граѓани кои поседуваат ваков отпад, рече Јакимовски.

Граѓаните можат да се пријавуваат во урбаните заедници, каде што ќе ги остават своите контакт податоци како и видот и количината на отпадот што го поседуваат. Согласно евидентниот лист од секоја урбана заедница, колективниот постапувач „Нула отпад“ во договор со пријавените граѓани, ќе спроведе бесплатно подигнување на отпадот од домовите, а со помош и во соработка со работници обезбедени од Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Опасниот отпад ја ниша хрватската влада

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

Правиме помалку ѓубре од Европејците, проблем е што не селектираме, но и токсичноста на индустрискиот отпад

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош