Акција на Агенцијата за храна: Поделени казни и забрани, а уништена е и храна во угостителски објекти покрај училишта

Од:

Петнаесет забрани за вршење дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите, како што велат од АХВ, бил ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата (основни и средни) од каде учениците најчесто купуваат храна.

-Со спроведените контроли утврдено е дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдени незадоволителни хигиенски барања за безбедност на храната, а од вкупно контролираните, 26 не биле регистрирани како опратори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство, се наведува во соопштението од АХВ.

Шеснаесет оператри, како што потенцираат од АХВ, немале имплементирано процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-саниратен преглед на вработените лица. Тројца оператори немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а 7 од контролираните објекти не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Несоодветно означена храна со контролите била затекната кај седуммина оператори со храна.

-За утврдените недоследности изречени се и парични казни за 77 оператори, во вкупна вредност од 36.470 евра во денарска противвредност. Издадени се 103 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности и изречени се и 23 опомени, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Би можело да ве интересира

Децата Роми најчести жртви на онлајн булинг, алармантни случаи на насилство и оружје во училишните ранци

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

Грција затвора повеќе од 700 училишта

Почнува новата учебна 2025/2026 година

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот