За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Од:

Во текот на првите два работни дена од оваа недела (21./22.07.2025) во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи регистрираа вкупно 1.293 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на Законот за возила.

„Притоа, заради неприлагодена брзина на движење изречени беа 305 санкции, за неправилно паркирање 340 мерки, додека пак 97 возачи се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола.

Исто така, за 47 учесници во сообраќајот изречени се санкции за некористење сигурносен појас, 49 лица се санкционирани за користење на мобилен телефон при управување со возило, и уште 85 лица заради неносење заштитен шлем. Покрај ова евидентирани се 18 случаи на минување на црвено светло, а изречени се дури 122 прекршочни платни налози за пешаци, додека пак од сообраќај се отстранети 11 возачи заради управување на возило со прекумерно количество алкохол.

Согласно пак Законот за возила во посочените три дена од неделава беа изречени 12 прекршоци по основ на технички неисправни возила и 22 по основ на возила коишто не биле регистрирани.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он