„АЈДЕ!“ за случајот „Пуч“: Граѓаните имаат право на вистината!

Од:

„Ние, членовите и поддржувачите на АЈДЕ! – Платформа за граѓанска политика, со големо внимание, но и со голема загриженост ги следиме настаните поврзани со случајот „Пуч“. Сметаме дека граѓаните на Република Македонија мора да ја дознаат вистината, затоа што, тоа е нивно право и од тоа зависи нашата иднината, но и иднината на нашата држава.

Ние, граѓаните, едноставно и единствено, ја бараме вистината!

Знаеме дека постојат организации и поединци кои ја следат ситуацијата и кои ќе застанат во заштитат на правата на граѓанките и на граѓаните. Бараме простор за нив во јавноста! Внимателно ги следиме медиумите, критички размислуваме, и препознаваме кој организирано и тенденциозно шири дезинформации и страв во јавноста, а кој информира и објавува факти.

За нас е најважна вистината и затоа, бараме да се објави без какви било притисоци, закани и уцени спрема оние кои сакаат да ѝ служат.

Свесни за нашето право, бараме од државните институциите да не ја заробуваат слободата. Бараме од власта и од партиите, да се однесуваат одговорно и да не се ставаат над Уставот и над законите!

АЈДЕ! да се бориме за нашето право на вистина и на слобода“, се вели во соопштението на „АЈДЕ!“.

Би можело да ве интересира

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов