АЈДЕ!: Придонесите за хонорарите се дискриминаторски и неуставни

Од:

„АЈДЕ! – платформа за граѓанска политика, со помош на граѓаните и еснафските здруженија, изготви нацрт-иницијативата за оспорување на уставноста на законите со кои се регулира плаќањето придонеси за хонорарите, а кои Собранието ги усвои во јули 2014. Овие закони, пред два дена, беа изменети во скратена постапка и повторно без консултација со засегнатите страни.

Ги известуваме граѓаните дека во иницијативата ќе бидат вклучени и последните измени на законите  бидејќи и тие се неуставни по истите основи како и јулските закони.

Во текот на идната недела,иницијативата на АЈДЕ! ќе биде достапна за секој граѓанин кој сака да се јави како нејзин поднесител. Дополнително ќе ги објавиме начинот и местото каде што иницијативата ќе биде достапна за потпишување.

Потсетуваме дека  законите со кои се регулира плаќањето придонеси за хонорарите се дискриминаторски зашто невработените се изедначени со вработените во поглед на плаќањето придонеси, а и натаму остануваат без какви било работнички права (право на платен годишен одмор, на пауза, на породилно отсуство, на формирање синдикати и др.). Понатаму, вработените лица кои ќе плаќаат придонеси за хонорарите нема да добијат никакви дополнителни бенефиции. Тие нема да можат да одвојуваат средства за вториот пензиски столб, туку ќе ги полнат кусоците само на државниот пензиски фонд. Пресметувањето, пак, на стажот на невработените хонорарци и понатаму е неопределен. Ваквите закони внесуваат несигурност во правниот поредок и се спротивни на принципот на владеење на правото“, се вели во соопштението на АЈДЕ!.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

Орце Костов

АЈДЕ: Уставот е мртов! Борбата продолжува!

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Устав без држава не бидува

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Напнато пред Уставен суд, полицијата ја стопира колоната со демонстранти

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Огромна колона тргна кон Собранието и Уставен суд

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Почна собирањето пред Влада

Емир Латифовиќ