АХВ: Засилени контроли на рокот на производите во новогодишните пакетчиња

Од:

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведуваат засилени контроли кај операторите со храна пред претстојните новогодишни и божиќни празници. Се проверува дали и колку се исполнети општите и посебните услови за безбедност на храната, означувањето и заштитата на потрошувачите од измама. Во овој период, акцент со контролите ставен е на новогодишните пакетчиња за деца при што се контролира рокот на употреба на производите кои ги содржат, како и означувањето.

Со досега спроведените контроли не се утврдени недоследности од аспект на безбедноста кај оваа категорија производи. Кај некои оператори исклучок е означувањето на задолжителните информации, каде недостасуваат декларации на македонски јазик.

Како одговорна институција за безбедноста на храната, апелираме до граѓаните да бидат одговорни купувачи и храна да купуваат од регистрирани/одобрени објекти кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство. Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].

Би можело да ве интересира

АХВ донесе забрана за увоз и употреба на желудник од живина во производството на подготовки од месо

Горан Наумовски

Контроли во Дојран, Охрид, Струга и Преспа: затворени седум локали, уништени 8,7 тони небезбедна храна

АХВ времено ја затвори кујната на угостителскиот објект во Гостивар по пријавите на труење со храна

АХВ: Превентивно затворена сендвичарница во скопски Аеродром

АХВ: Времено затворена гостилница во Влае по пријавата за затруени лица

Горан Наумовски

АХВ: Ќе се уништува свинското месо од Грција чиј шверц беше спречен