АХВ времено ја затвори кујната на угостителскиот објект во Гостивар по пријавите на труење со храна

Од:

Од страна на инспекциските служби времено е затворена кујната на пицеријата ресторан во Гостивар, до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско испитување по информацијата дека вчера девет лица со симптоми за труење со храна се примени во Болницата во Гостивар.

– Согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, земени се мостри за лабораториско испитување од инкриминараната храна (пилешки стек, свежа марула и мајонез) и брисеви од работните површини, опремата и приборот и од вработените лица. На операторот со храна наредени му се превентивни мерки за темелно механичко и хемиско чистење на објектот, опремата и приборот, вонредна дезинфекција и вршење на вонредни санитарни прегледи на вработените лица, посочуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

АХВ апелира во услови на високи надворешни темеператури, операторите и
потрошувачите да внимаваат на безбедноста на храната со цел, како што велат, спречување на ризици од појава на можно труење со храна.

Во функција е ставена бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22
каде може да се пријави секој сомнеж поврзан со безбедноста на храната. Претставка граѓаните може да поднесат и лично во Агенцијата, или во нејзините подрачни единици, како и електронски на [email protected].

Вкупно девет лица вчера биле згрижени во Инфективното оддление во гостиварската Болница, со симптоми на труење. По дадената терапија сите се испратени дома и нема потешки случаи.

Дежурниот лекар во Одделението за МИА информираше дека синоќа во периодот од 22 часот до полноќ биле примени пациенти на помлада возраст кои претходно се јавиле во Брза помош.

– Сите се жалеа на повраќање, дијареја и изнемоштеност. По направените анализи на крвта и прегледите им беше дадена соодветна терапија и се пуштени на домашно лекување, изјави инфектологот Ратко Наумоски.

Би можело да ве интересира

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

АХВ: Три позитивни случаи на вирусот на западнонилска треска кај угинати гаврани

A1on

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он