А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

АХВ: Месото на македонскиот пазар безбедно, засилени инспекциските контроли

by А1он18/11/2016 - 13:33162
Share0

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека ги засилила инспекциските контроли на официјалните ветеринари на граничните премини по добиената информација дека во пристаништето во Бар во Република Црна Гора е пристигната пратка со замрзнато месо од 1982 година. Засилени се и контролите со трговијата со месо и преработки и подготовки од месо и на домашниот пазар, соопшти АХВ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Апелираат до медиуми и граѓаните непотребно да не се создава паника дека месо од ваквата пратка ќе дојде до македонскиот пазар.

– Месото, подготовките и преработките од месо кои се продаваат во Македонија се безбедни, без оглед дали станува збор за производи од домашно производство или од увоз, се вели во соопштението.

АХВ истакнува дека увозот на месо и производи од се врши исклучиво од одобрени земји и објекти за увоз, задолжително проследени со ветеринарно здравствен сертификат со кој се гарантира безбедноста на пратката, како и дека инспекциските служби на Агенцијата на граничните премини вршат задолжителна контрола на секоја увозна пратка.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Покрај задолжителниот преглед на документацијата, се врши и физички преглед на пратките, а при сомнеж и при реализација на мониторинг програмите се земаат и мостри за лабораториско испитување. За ваквите пратки не се дозволува увоз во земјава, односно пратките се ставаат под надзор, се додека не се добијат резултатите од направените лабораториски анализи со кои се потврдува нивната безбедност, појаснува АХВ.

Апелира до граѓаните и до операторите со храна, доколку имаат сознанија дека небезбедно месо или било кој друг производ се наоѓа на домашниот пазар да го пријават писмено или лично во Агенцијата за храна и ветеринарство, како и на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22 или на електронската адреса на Агенцијата за храна и ветеринарство  [email protected].

ahvhrana

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматична хуманитарна криза во Јемен: Недостиг од храна, вода и лекови, болниците без гориво

Горан Наумовски03/11/2026 - 14:51

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни производи кои се пронајдени во Василево

Горан Наумовски26/10/2026 - 10:3826/10/2026 - 10:39

Продолжуваат контролите на зелените пазари

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 09:58

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски17/10/2026 - 10:1317/10/2026 - 11:01

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 13:4626/09/2026 - 13:57

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он25/09/2026 - 17:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео