АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Од:

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, објави на Фејсбук дека судот донел правосилна пресуда во врска со водата за пиење во Струмица. Според него, „Агенцијата за храна и ветеринарство лажела цела година, предизвикувајќи страв и паника кај населението од општина Струмица за наводна неисправноста на водата“. Жалбата на АХВ е отфрлена како неоснована.

„Што би рекол премиерот „на лагата и се кратки нозете“ – еве уште еден доказ дека тоа е така.

Судот денес донесе правосилна пресуда со која го потврди она што го зборувавме цела година во врска со водата за пиење во Струмица.

Агенцијата за храна и ветеринарство лажела цела година, предизвикувајќи страв и паника кај населението од општина Струмица за наводна неисправноста на водата.

И како што кажав, ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да остават цел град без вода само за да предизвикаат криза која потоа ќе ја користат за сопствени политички потреби.

За рејтинг се спремни да ги лажат луѓето дека не треба да пијат вода.

Срам, мизерија и ниски страсти.

Водата е чиста, питка и биохемиски исправна.

За ваквите лаги на АХВ општина Струмица и јас ќе поднесеме и кривична пријава до директорот на АХВ поради предизвикување на страв и паника кај населението кое иако имаше питка вода за пиење, му беше забранувано и беше плашено да не ја пие, напиша Костадинов.

Би можело да ве интересира

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра