АХВ: Храната во Леар била исправна, мензата чиста

Од:

Храната во Леар каде 23 лица пријавија лесни симптоми на труење, била соодветно дистрибуирана, чувана и послужена, во оригиналното пакување и со адекватен рок на употреба, а мензата ги исполнува соодветните хигиенски услови поради што не е изречена мерка за нејзино времено затворање, соопшти денескаАгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Инспектори на АХВ во соработка со Санитарната инспекција вчера направија вонредна контрола во тетовската фабрика.

– Со цел утврдување на причините за појавата на труењето, инспекциските служби земаа мостри за лабораториско испитување од храната која била послужена, од работните површини во мензата, како и од вработеното лице кое ја послужувало храната, а на кое му било извршено и дополнителен здравствен преглед, информира АХВ.

Агенцијата ќе продолжи да го следи случајот и да ја информира јавноста за секоја новина врзана со него.

Воедно апелира во услови на високи температури и зголемен ризик од расипување на храната и појава на труења, граѓаните да внимаваат од каде купуваат храна, да ја набавуваат од регистрирани оператори каде што се запазени безбедносните критериуми и да водат сметка на личната и хигиената при подготовката и чувањето на храната.

Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната, граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата лично, на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22 или на електронската адреса [email protected].

Би можело да ве интересира

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски