Ахмети загрижен од поттикнување немири во Македонија за геополитички интереси

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на синоќешната средба со амбасадорите на ОБСЕ, како што се наведува во партиското соопштение, изразил загриженост за можноста на поттикнување на немири во земјата за геополитички интереси и побара од меѓународната заедница своето внимание да го фокусира кон случувања во земјата и регионот.

Ахмети, специјалниот претставник на претседавачот на ОБСЕ, амбасадорот Кристијан Штрохал, и амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен разговарале за политичката ситуација во земјата по настаните на 27 април.

Како што се наведува во соопштението, Ахмети и се заблагодари на мисијата на ОБСЕ во земјата за постојаниот контакт со пратениците во текот на вечерта на 27 април.

Новата реформска влада, посочил лидерот на ДУИ, ќе се формира наскоро и дека новоименуваниот претседател на Собранието го врши својот дел од обврските за да се олесни и забрза овој процес.

Ахмети зборуваше за приоритетите на новата влада како реформите во судството, евро-атланската интеграција, Охридскиот Договор, добрите меѓуетнички и соседски односи како и орварањето на нови работни места, се посочува во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски

Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница

Адеми: Oвие избори ги сметаме за слободни, фер и демократски

Бајрам Реџепи: Тетово треба да биде инклузивна и отворена општина

А1он

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму