А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ахмети: „Заедничката Декларација” не го загрозува унитарниот карактер на државата

by А1он02/03/2017 - 08:1302/03/2017 - 10:23164
Share0

По одлуката на Ѓорге Иванов дека нема да му го довери мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, иако му донесе 67 пратенички потписи како поддршка за парламентарно мнозинство, се огласи лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Следете a1on на Instagram Instagram

Заедничката изјава на албанските парламентарни партии во Македонија на ниту еден начин или форма не ја нарушува државата, унитарниот карактер ниту пак станува збор за федерализација или поделба, напиша претседателот на Демократската унија за интеграција на својот фејсбук профил.

Ахмети повикува на воздржаност и кај албанските и кај македонските политичките партии, а на граѓаните им порачува дека политичките партии и институциите во земјава ќе најдат најдобро решение за нив.

– Албанските партии не беа причина за системската криза во земјата и имајќи во предвид ова, ги повикувам албанските политички партии да се воздржат од претворање на системска и внатреетничка криза во етнички судири меѓу двете најголеми етнички заедници на оваа земја. Исто така, ги повикувам македонските партии да се воздржат во нивното изразување на незадоволство од импликација на етничкиот елемент поради чувствителноста на нашето општество, напиша Ахмети на Фејсбук.

Следете a1on на Youtube YouTube

Ги повикува граѓаните да ја зачуваат ладнокрвноста и да не дозволат, како што наведува, никој од нас да стане жртва на злонамерни сценарија кои потекнуваат од сомнителни адреси.

Ова, истакнува, е политички проблем и политичките партии како и институциите во земјата ќе го најдат најдоброто решение за граѓаните, но во меѓувреме, да веруваме на вистината, а не на лагите.

Претседателот на ДУИ појаснува дека уште пред изборите минатата година, ги поканил албанските опозициски партии да се сооединат со цел да не изгубат Албанците од големата поделба на гласовите. Ова, потенцира, не се случи и Албанците изгубија девет мандати на пратеници во Собранието на РМ. Потоа, како победник на изборите и како лидер на најголемата албанска партија, ги поканив албанските парламентарни партии на заеднички состанок во Скопје за координирање на нашата агенда за заокружување на Охридскиот Договор и постигнување на еднаквоста.

На оваа средба во Скопје, ги усогласивме ставовите во врска со очекувањата на албанците и во секоја јавна изјава сум истакнал дека Заедничката изјава на албанските парламентарни партии во Македонија е усогласена и напишана во Скопје и е врз основа на изборните програми на сите албански кандидати на изборите на 11 декември. Оваа изјава на ниту еден начин или форма не ја нарушува државата, унитарниот карактер ниту пак станува збор за федерализација или поделба, наведува Ахмети.

duimandatvlada

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски17/06/2026 - 09:2717/06/2026 - 10:00

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски15/06/2026 - 15:0015/06/2026 - 15:01

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on14/06/2026 - 16:02

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

Горан Наумовски12/06/2026 - 08:18

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

Горан Наумовски11/06/2026 - 10:56

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски11/06/2026 - 08:3711/06/2026 - 09:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто