Ахмети за приштинска Т7: Насер Зибери треба да биде идниот премиер

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, во интервју за косовската телевизијата Т7 синоќа изјави дека по парламентарните избори во Северна Македонија, на кои неговата партија освои 15 пратенички мандати, иден премиер на земјата треба да биде Албанец, односно кандидатот на ДУИ Насер Зибери.

Гостувајќи преку видео–врска во емисијата „Пресинг“ на Т7, Ахмети порача дека „на хегемонистичките политики им дојде крајот и идејата за премиер Албанец ќе заживее мошне бргу“.

– Албанците имаат право исто колку и Македонците и сé додека премиер може да биде Македонец зошто не би бил и еден Албанец, рече Ахмети.

Одоговарајќи на новинарско прашање, лидерот на ДУИ рече дека се неосновани гласините оти неговите барања можат да доведат до дестабилизација на регионот и нагласи дека неговата партија ќе остане фактор на стабилноста.

– ДУИ никако нема да дозволи да се направат чекори наназад од Преспанскиот договор, од договорот за добрососедство со Бугарија и од Охридскиот договор, нагласи Ахмети.

Тој информира дека веќе стапил во контакт со лидерите на останатите партии на Албанците кои ќе имаат пратеници во идното македонско Собрание, односно со Зијадин Сеља од Алијансата за Албанците, Биљал Касами од Беса и Мендух Тачи од Демократската партија на Албанците.

Цел на контактите, според Ахмети, била „да се заживее сонот за прв премиер Албанец во Северна Македонија“. За содржината на тие разговори лидерот на ДУИ информира единствено дека Сеља, како лидер на коалицијата која освои 12 пратенички места, му рекол оти ќе му одговори откако официјално ќе се потврдат резултатите од гласањето.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ