Ахмети: Време е за НАТО

Од:

„Две децении по независноста на Македонија од југословенската федерација, 20 години по зачленувањето во ОН и 12 години од Охридскиот договор, како и по успешната транзиција при која поминавме низ многу нешта, верувам дека сега е времето за големи одлуки“, пишува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во колумната „Време е за НАТО“ во „Дневник“.

„Ако некој се повикува на зрелост, патриотизам, граѓански интерес, рационалност, а зошто и да не и на идентитетска определеност, велам дека не треба да имаме повеќе ниту една дилема дека токму сега е моментот Република Македонија и нејзините граѓани, со тие што ги носат одлуките да го направат потребниот чекор. За некого, ова може да биде чувствително, идентитетско прашање. Но, како што нагласив, за една земја, определбата со какви вредности посакува да живее и да се претставува, исто така преставува дел од идентитетот“, пишува Ахмети во колумната.

„Ние имавме трпение, разбирање за чувствата на мнозинството, за чуствителноста и одговорноста на нашите политички владејачки партнери, но и регионално и меѓународно разбирање. Чекавме со голема одговорност и разбирање. Но, дојден е момент кога не треба да отсуствуваат храброста и одлуката за да се направи с` што е наша одговорност за да ја отстраниме секоја пречка за да бидеме таму каде што треба да бидеме – во Северноатлантскиот сојуз. За нас, оваа одлука не може да има алтернатива“, завршува Ахмети.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он