Ахмети во Слупчане отвори Музеј посветен на УЧК и војната во 2001

Од:

Во Слупчане, Али Ахмети, лидерот на ДУИ,  го отвори Музејот посветен на УЧК и војната од 2001 година.

Во овој музеј се изложени униформи, оружје и други делови на опремата која припадниците на УЧК ја користеле   за време на конфликтот во 2001 година.

Ова е дел  од одбележувањето на 100-годишнината од независноста на Албанија.

Лидерот на ДУИ Ахмети рекол дека ова е настан од особено значење.

„Ова е еден посебен момент. Еден симболичен ден, ден кога се овековечуваат и се величат неизбришаните траги што ги остави УЧК, втемелени во еден Музеј кој изгледа мал, но има голема душа, има големо значење и голема порака. Ова се неизбришаните траги на најмодерната историја. Ова е најновата историја на Албанците во Република Македонија “ рекол Ахмети.

Градоначалникот на Липково Садула Дураку, рекол  дека УЧК не бил воен узурпатор, туку ослободителна армија. но сака да споделуваат и демократизација на земјата.

Музејот во Слупчане е  сместен во близина на гробиштата, каде се закопани цивилни жртви од конфликтот во 2001 година. Според организаторите ,  чини околу 16 илјади евра, а е изграден со  средста алатки  од донатори.

ФОТО:Алсат-М

Би можело да ве интересира

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата