Ахмети во посета на Косово

Од:

На покана на Претседателот на Владата на Република Косово, Хашим Тачи, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, присуствуваше на настани организирани по повод завршување на набљудуваната независност на Република Косово.

За време на престојот во Приштина, Ахмети реализираше неколку билатерални состаноци со заменик-помошникот на државниот секретар Филип Рикер, Комесарот за проширување на ЕК, Штефан Филе, дипломатот Френк Визнер, шефот на Меѓународната цивилна канцеларијата, Питер Фејт, претседателот Марти Ахтисари, како и со шефот на државата на Република Косово, претседателот Атифете Јахјага, претседателот на владата Хашим Тачи, претседателот на собранието Јакуп Красниќи, како и со претставници на политичките партии во Косово и други високи функционери.

Главни теми на средбите биле завршувањето на набљудуваната независност и иднината на регионот, заедно со евро-атлантските перспективи на регионот и случувањата во Македонија во регионален контекст.

Ахмети ја истакнал и високо ја оценил улогата на меѓународниот фактор во остварувањето на самостојноста што овозможи оддржлива стабилност во регионот и им се заблагодари на пријателите за поддршката која и ја даваат на Македонија и регионот за влез во евро-атлантските структури, во НАТО и во ЕУ.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Одаловиќ: Органи на Срби од Косово се продавани во странство

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски