Ахмети во општина Долнени даде цврста поддршка за кандидатот на ДУИ

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска ги посети жителите на селата Дебреште и Житоше во општина Долнени.

Лидерот на ДУИ рече дека цврсто го поддржува неговиот кандидат во оваа општина, Џемил Ќамили, чиј противкандидат во вториот круг од изборите на 29 октомври е Билал Каришик од СДСМ.

– Дезинформациите и деструктивните шпекулации, дека ДУИ наводно има направено договори со СДСМ за да ја „продаде“ општината на таа партија, ме натераа да дојдам лично и да ги уверам Албанците од Долнени, дека ДУИ стои цврсто зад својот кандидат во оваа општина, Џемил Ќамили, рече Ахмети.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата