Ахмети: Сметам дека Беса нема да ја напушти Владата, таквиот потег нема да биде од полза на партијата

Од:

Сметам дека нема да се случи Беса да ја напушти Владата, зашто таквиот потег нема да биде од полза на таа партија, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Собранието.

Коментирајќи ја изјавата на генералниот секретар на Беса Арјанит Хоџа дека поради одлуката за прегласување на изборите за градоначалник во Желино можно е партијата да ја напушти владината коалиција, Ахмети вели дека нема потреба да се врши притисок врз институциите и дека треба да се почитува одлуката на ДИК за прегласување на едно избирачко место во Желино.

Изјавта на Ахемти, следи по објавата на Фејсбук на генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, кој е и актуелен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во врска со приговорите за изборите во Желино, по кои решаваше ДИК.

– Желино, место во кое се роди една партија (Движењето Беса), може да биде и Желино кое руши влада, напиша Хоџа во објавата.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата