Ахмети скандирајќи „УЧК“ му порача на Мицкоски: Христијане, мери си ги зборовите, на устата уште имаш млеко“

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на големиот митинг на плоштадот во Скопје му порача на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ да внимава кога зборува за Албанците со дискриминаторски јазик.

„Христијана, мојот народ вели дека камен по камен настанува тврдина, а збор по збор почнува неволја, затоа мери си ги зборовите, зашто уште си млад, на устата уште имаш млеко, порача Ахмети.УЧК е ослободителот, така што денес сопствениците се господари во своите домови.

Ние никогаш не сме сакале да бидеме туѓинци во земјата, но за нашето се боревме и пролеавме крв, рече Ахмети по што следуваше скандирање од симпатизерите со „УЧК“ а во еуфоријата им се придружи и Ахмети.

– Затоа, добро да ги измериме зборовите бидејќи оваа земја има свое место во Европа и таму можеме само заедно да одиме. Минатото е болно и не треба да се заборави, но треба сите да се бориме ова минато да не се повтори, но да видиме како да ја градиме иднината. А иднината е интеграција на државата во ЕУ“, рече Ахмети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Писмениот дел од правосудниот на мајчин, усниот на македонски, инсистира Мицкоски

Катерина Ѓуровски