Ахмети: Сега е моментот да се реши името

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за Дојче веле оценува дека сега е моментот да се реши спорот за името со Грција, што би и го отворило патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Сепак, не е оптимист дека ова прашање ќе се реши во јуни со што би ги започнале преговорите за членство во ЕУ.

Ахмети вели дека во владината коалиција има разбирање дека треба да се постигне компромис со грчката страна околу името.

– Ние како Албанци ги информиравме сите партии од македонскиот политички блок со кои имиња не се согласуваме. Не се согласуваме земјата да се нарекува Словенска Република Македонија, ни Национална Република Македонија, ниту пак да остане во употреба Поранешна Југословенска Република Македонија. Секој друг компромис за нас е прифатлив. На пример: Горна Република Македонија, Северна Република Македонија и сл., истакнува Ахмети.

Тој потсетува на последната идеја од посредникот Нимиц и поради таа причина, како што наведува, ДУИ презеде нагласена дипломатска активност, зашто оценува дека сега е моментот страните да седнат на заедничка маса.

– Не сакам да бидам погрешно разбран од ниту еден политичар и лидер во земјата, но сакам да кажам дека сега е моментот да имаме храброст и да ги затвориме значајните теми кои се во корист на добробитта на сите граѓани на Република Македонија и на сите оние кои по нас доаѓаат – за доброто и иднината на нашите деца, вели лидерот на ДУИ.

Одложувањето на решавањето на проблемот на подолг рок, според него, не би било добро ни за Република Македонија, ниту за Западниот Балкан, а не би влијаело добро и врз меѓуетничките односи и на економскиот развој.

Прашан дали идејата за „Голема Албанија“ е реалност или сон, Ахмети одговора дека тој проект е роден во големосрпските центри на Милошевиќ со цел да се отфрли легалното барање на Албанците кои тогаш живееле во поранешната Југославија.

– Приоритетните цели на Албанците кои живеат во Република Македонија се: целосната имплементација на Охридскиот договор, интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, економскиот развој и градењето здрави меѓуетнички односи меѓу сите кои живеат во земјата: Македонци, Алабанци, Власи, Турци, Роми, Босанци…, посочува Али Ахмети.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

Политички судир: ДУИ бара одговорност од Меџити за спорна исплата

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата