Ахмети се сретна со делегација на ОБСЕ/ОДИХР

Од:

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денес во седиштето на партијата ја пречека делегацијата на ОБСЕ/ОДИХР составена од шефот на мисијата Одри Гловер и политичкиот аналитичар Риши Дата.

На овој состанок разговараа за политичката ситуација во пресрет на локалните избори на 15 октомври, организирањето на изборниот процес и за стандардите кои треба да ги исполни Република Македонија.

Претседателот Ахмети истакна дека сите политички партии во земјата треба да придонесат за демократски, слободни и фер избори, со цел да се зајакне имиџот на државата и да чекориме напред кон евро-атланскиот пат. Соговорниците на ОБСЕ/ОДИХР, Ахмети ги увери дека ДУИ, како секогаш и овој пат ќе се ангажира за доброто на земјата и за почитување на меѓународните стандарди, кои се карактеристични и за земјите членки на Европската Унија.

Од делегацијата на ОБСЕ/ОДИХР изразија задоволство од средбата и за посветеноста на ДУИ во овој изборен процес, посочувајќи дека многу е важно да се исполнат меѓународните стандарди.

Соговорниците се договорија за редовна меѓусебна комуникација и заедничка заложба со цел изборите да бидат слободни, мирни, фер и прифатливи, бидејќи само така може да се забрза процесот на интеграција на Република Македонија во евро-атланските структури.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче