Ахмети се сретна со швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада

Од:

Актуелната политичка ситуација во Македонија и швајцарската поддршка за институциите и процесите во нашата држава беа темите за кои денеска разговараа претседателот на ДУИ Али Ахмети и амбасадорката на Швајцарија во Македонија Сибил Сутер Тејада.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети првично зборувал за политичката ситуација и ги пофалил главните достигнувања во првата година од владеењето, како заокружувањето на нормативниот дел од Охридскиот договор, итните реформи, добрососедскиот договор со Бугарија и спорот за името со Грција.

Ахмети истакнал дека Македонија ќе добие покана за членство во НАТО на Самитот следната недела на Алијансата во Брисел и потсетил оти минатиот месец добивме и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Посочил дека ДУИ става посебна важност на судските реформи и општо системските реформи и оти владеењето на правото е предуслов за економски развој и кредибилитет на институциите во земјата.

Амбасадорката Тејада на средбата ги елаборирала проектите поддржани од Швајцарија во Македонија, вклучувајќи ги и активностите предвидени во однос на соработката со политичките партии.

Би можело да ве интересира

Швајцарија воведува нов данок: Веќе нема бесплатно

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

(ВИДЕО) Се урна гондола во швајцарски скијачки центар – еден патник загина

А1он

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите