(ВИДЕО) Ахмети: Прво НАТО, после избори

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по завршувањето на лидерската средба кажа дека ова е еден од најконструктивните состаноци што ги имал досега. Сите партии било да се од позиција или опозиција, едногласно се определија дека наша алтернатива е Европска Унија, додаде Ахмети.

– Сите партии ја искажаа својата определба да не го загрозат нашиот евроатлански пат. Во детали разговаравме за најдобриот можен момент за предвремени парламентарни избори. Исто така, оценивме дека од наш заеднички интерес е да почекаме да се ратификува Протоколот за НАТО од земјите членки, коишто се уште го немаат ратификувано и исто така се договориме и нашето Собрание да го ратификува Протоколот и да го усвои Законот за одбрана. Откако ги исцрпивме сите аргументи, заеднички одлучивме да ги одржиме предвремените парламентарни избори на 12 април следната година. Битно е изборите да се демократски согласно сите стандарди и да победи најдобриот, порача Ахмети.

Во врска со одржувањето на изборите, без спроведување на пописот, Ахмети изјави дека ќе се види како тоа „ќе се изменаџира“ и кога ќе може технички да се спроведе пописот.

– Сега е значајно да се испочитува датумот за изборите и потоа да зборуваме за пописот, рече Ахмети.

Би можело да ве интересира

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти