Ахмети: ОВК не беше насочена против ниту еден народ, туку дека се бореше за слободата на својот народ

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на протестот што беше организиран во Скопје во поддршка на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, изјави дека судскиот процес што се води во Хаг треба да заврши со ослободителна пресуда.

Според Ахмети, лицата кои се наоѓаат во притвор се обвинети за дела што, како што рече, не ги сториле. Тој нагласи дека ОВК, според неговите зборови, не била насочена против ниту еден народ, туку дека се борела за слободата на својот народ.

Ахмети истакна дека протестот не е насочен против државата Македонија и дека поранешните лидери на ОВК, кои се обвинети пред Судот во Хаг, имале улога во институционалниот и политичкиот живот по конфликтот.

Тој наведе дека тие, според него, придонеле за стабилноста, мирот и европската перспектива на државата преку учество во државните институции и потпишување меѓународни и внатрешни договори.

Протестот се одржа во центарот на Скопје и помина мирно, со присуство на засилени полициски сили.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Али Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори истрагата: Кој ќе одговара за 14 жртви во модуларната болница?

А1он

ВЛЕН: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ахмети размислува да се пензионира, го предомислуваат сопартијците: за Македонија вели треба да оди на предвремени избори

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Наместо партнерство, повторно се враќа логиката на доминација

А1он

ВЛЕН: Ахмети е алчен за власт

Горан Наумовски

По 24 години, Ахмети првпат го постави државното знаме во својата канцеларија

Катерина Ѓуровски