Неколкумина уапсени на протестите во Хаг по пресудите против водачите на ОВК

Од:

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на ОВК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства, а холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер спреј и водени топови за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Голем број демонстранти се собраа во градскиот парк Малијевелд, во Хаг, за да ја изразат својата поддршка за Хашим Тачи и другите водачи на ОВК, а немирите избувнаа кратко по објавувањето на пресудата, објави порталот АД.

Демонстрантите скандираа и фрлаа разни предмети кон полициските сили распоредени во Малијевелд, а некои дури и се качија на полициско комбе.

Полицијата употреби палки и бибер спреј, а неколку демонстранти беа уапсени.

Членови на полициската интервентна единица беа распоредени за да ги спречат демонстрантите да се упатат кон други градски плоштади, а беа употребени и водени топови.

Во близина на Малијевелед имало голем број автомобили со албански знамиња, објавува Nurdsholand dagblad.

Претходно денеска, Специјализираниот совет за Косово во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК, Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весељи и Реџеп Сељими, на вкупно 81 година затвор за воени злосторства на територијата на Косово и Метохија и Албанија.

Хасим Тачи и Јакуп Красниќи беа осудени првостепено на единствена казна затвор од по 25 години, Весеља на единствена казна затвор од 18 години, а Сељима на единствена казна затвор од 13 години.

Би можело да ве интересира

Обвинителството во Хаг бара казната за Хашим Тачи наместо 25 да биде 31 година затвор

А1он

Приведен, па пуштен: порашениот член на ОВК Фадиљ Пушкољи и се заблагодари на македонската полиција

Катерина Ѓуровски

Четврти ден протести на плоштадот во Приштина против пресудата во Хаг – најавен е собир во Њујорк пред зградата на ОН

А1он

Растат тензиите пред пресудата во Хаг: Огромно знаме на ОВК поставено на зградата на општина Липљан

А1он

(ВИДЕО) Собир за поддршка на поранешните лидери на ОВК: Размислете за последиците пред да донесете одлука!

А1он

Tачи: Очекувам да бидам ослободен од обвиненијата по сите точки

А1он