Со интонирање на албанската химна, министрите Албанци и функционери на ДУИ положија венци со цвеќе пред споменикот на Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег по повод 550-годишнината од смртта на албанскиот национален херој.
44511″>
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека Скендербег е национален херој на Албанците, но и на сите народи кои го сакаат мирот на Балканот.
„Скендербег е инспирација низ вековите за сите поттиснати народи и останува централна личност за оние што го посакуваат мирот.
– Денеска достоинствено и со гордост можам да кажам дека самиот Охридски договор е во духот на Скендербег, а ние го одбележуваме и покрај тоа што бројни окупатори се обидувале да избришат се од меморијата на Албанците“, рече Ахмети.
На настанот присуствуваа само функционери од редовите на ДУИ.
В. Маглешов