Ахмети од Боговиње: За 15 месеци ќе станеме членка на НАТО

Од:

Демократската Унија за Интеграција по Општина Брвеница ја посети и Општина Боговиње каде пред граѓаните на општината се појасни важноста од гласањето на референдумот на 30 септември.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека овој е моментот кога сите заедно, Албанци и Македонци се во иста линија за зачленување на земјата во НАТО и Европската Унија.

„Најголемата вредност на Договорот од Преспа е што конечно нема веќе сонувања за нови конфликти, конечно земјата и регионот чекорат кон една одржана стабилност зачленувајќи се во најголемата политичка – воена организација НАТО и Европската Унија. Не сакам да создадам илузија дека нема да се случи зачленувањето во Европската Унија, бидејќи е процес што може да одземе многу време, но не и бескрајно, бидејќи клучот е на 30 септември, затоа што после овој датум се отвараат вратите на НАТО каде после 15 месеци ќе бидеме полноправна членка и за ова Ви гарантирам. На 30 септември се отвараат вратите и за влез во Европската Унија, за што во јуни следната година ќе почнат преговорите за членство. Затоа ајде сите заедно на 30 септември да гласаме за иднината на новите генерации“, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Во Боговиње, освен претседателот на ДУИ, Али Ахмети, пред граѓаните се обратија и пратеникот Џеват Адеми и вицепремиерот Хазби Лика, кои исто така упатија повик да се гласа ЗА Европска Македонија на 30 септември.

Би можело да ве интересира

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

Фредериксен: НАТО нема мандат да преговара во име на Данска и Гренланд и за нашите односи

Горан Наумовски