(ВИДЕО) Ахмети: Независноста на Косово дојде како резултат на ангажманот на сите Албанци

Од:

Албанците во Македонија денес славеа 10 години од независноста на Република Косово. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети организираше свечена академија на која говореше за интересите на Албанците не само на оние во Косово туку и во Македонија и во Албанија. Тој посочи дека ако некогаш рацете на Албанците им биле врзани, сега состојбите се сменети и тие се слободни целосно да ги стават во функција своите капацитети. Нагласи дека им е неопходна соработка во здравството, образованието и културата.

„Албанците постигнаа многу со помошта на странската поддршка. Освен САД, ЕУ и НАТО други алтернативи албанскиот народ нема. Овие постигнувања треба да се зачуваат. Секој концепт што се обидува да не оддалечи од албанската преродба, треба да се отфрли. Не сме повеќе сепаратисти и иредентисти како што не нарекуваа. Остануваме посветени на реализацијата на нашите цели за доброто на граѓаните кои ги претставуваме како и за нашите меѓународни пријатели. Да живееме и да напредуваме како добри пријатели во регионот“, рече лидерот Ахмети.

Тој вели дека имал морална и национална обврска да организира ваков настан на кој се слави независност на друга држава.

„Првенствено независноста на Косово дојде како резултат на ангажманот на сите Албанци. За ова достигнување среќни се сите Албанци. Дури во ситуацијата кога Косово беше под окупација, Косово се однесуваше коректно кон Албанците во Република Македонија. Косово ги образуваше Албанците од Македонија оти тука не беше дозволено да се учи на мајчин јазик. Јас како лице што го организира овој настан тука, сум бил предмет на тортура од страна на тогашната УДБА затоа што барав образование на мој мајчин јазик. Ако вие не верувате во тоа денеска мора да влезете во архивите и да проверите. Тој што ми вршеше тортура се викаше Јован, од службата. Јас имам морална и национална обврска да го организирам овој настан“, рече Ахмети и додаде дека има високо мислење и за славењето на независноста на Македонија, за Илинденското востание иако не се појавува на свеченостите.

Независноста на Косово денес во хотелот „Континентал“ ја славеше и претседателот на Собранието Талат Џафери заедно со министерот за правда Билен Салији, амбасадорите на Албанија и на Косово во Македонија и многу други членови на ДУИ.

(М.И.П.)

Би можело да ве интересира

Ахмети: Ние филозофијата ја градиме како во Европа

(ВИДЕО) Ахмети: Да се огорчуваме затоа што викав УЧК, УЧК е албанска гордост и ја спаси Македонија

Катерина Ѓуровски

Ахмети скандирајќи „УЧК“ му порача на Мицкоски: Христијане, мери си ги зборовите, на устата уште имаш млеко“

Орце Костов

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов