Ахмети: Нема да има „бомби“ до 10 јуни

Од:

На средбата на 2 јуни партиите се договориле да не се објавуваат „бомби“ до средбата на 10 јуни, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за телевизијата 21, пренесе Алсат М.

– Според договорот нема да се објавуваат повеќе „бомби“. Јас нема да прејудицирам за 10 јуни, бидејќи се надевам дека ќе го почитува тој договор во кој се вели дека нема да има „бомби“ до 10 јуни. Се надевам дека нема да има ниту после 10 јуни – додава Ахмети.

Лидерот на ДУИ смета дека објавувањето на „бомбите“ го нарушуваат угледот на земјата пред меѓународниот фактор. Во изминатите месеци опозицијата објави вкупно 35 „бомби“, а остана должна кон јавноста за случајот „Монструм“ и за други објави на евентуални злоупотреби од функционери Албанци.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски