Ахмети не го напушта Груевски ни по Чикаго

Од:

И покрај честите најави дека ДУИ може да ја напушти владата по Самитот на НАТО, извори од партијата на Али Ахмети за А1 велат дека немаат намера да го напуштат кабинетот на Никола Груевски.

Објаснувањето од партијата е дека не ни очекувале друг исход од најголемиот собир на НАТО и Чикаго и уште посветено и напорно ќе ги исполнуваат обврските од евро-атланската агенда, но ќе се чекала стабилна грчка влада за да се пристапи кон решавање на спорот со името.

Од ДУИ не одговараат на фрлената ракавица од Мехдух Тачи и Руфи Османи за распуштање на Парламентот и предвремени избори и формирање на техничка влада.

Досега од партијата на Ахмети единствено излегоа со реакција на интервјуто на премиерот за МИА, кој предизвика лавина реакции, бидејќи, како што се коментира,„распали“ по НАТО. Портпаролот Бујар Османи изјави дека НАТО нема различни аршини за Македонија, како што рече Груевски, и дека интервјуто го третираат како на лидер на ВМРО-ДПМНЕ,а не како на премиер.

Од опозиционите партии на Албанците за А1 коментираат дека ДУИ ќе продолжи со истата тактика-топло-студено, постојано неофицијално закани, а официјално-смирени тонови, односно позиција „ни риба, ни девојка“.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски