Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во тетовска Мала Речица се сретна со американскиот амбасадор Пол Волерс.
– Имав значајна средба со американскиот амбасадор Пол Волерс. Заеднички заклучивме дека секој граѓанин има право на протест и оти легитимно право на сите е да го изразат своето незадоволство за одреден процес со цел да бидат потранспарентни за јавноста. Оценивме дека нaсилството не го помага процесот за негово институционално решавање, а со тоа и можностите процесот да се врати во првостепена постапка од страна на Апелација, изјави Ахмети.
Тој посочи дека го информирал амбасадорот Волерс оти ДУИ ќе побара меѓународен мониторинг од експерти за целиот овој процес да биде потранспарентен за целата јавност.