Ахмети: На 30 септември се гласа за мир, стабилност и подобра иднина

Од:

Со митинг во Спортската сала на Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово ДУИ вечерва ја започна својата кампања „Излези за европска Македонија“.

Претседателот на партијата Али Ахмети истакна дека треба сите храбро да работат, бидејќи на 30 септември, како што потенцира, се гласа за мир, стабилност, подобри меѓуетнички односи, економски развој, подобра иднина и младината што сега бега во други земји да остане тука.

– Да работиме посветено и сите политички партии без разлика на национална припадност. Особено ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат во референдумската кампања, бидејќи и тие сакаат подобри меѓуетнички односи. Овој референдум е обединувачки за Македонците и Албанците затоа што за првпат тие имаат заедничка кауза за зачленувањево ЕУ и НАТО. Има земји на исток кои не сакаат мир, стабилност и регионот да се насочи кон Европа, туку сакаат да остане дестабилизиран, рече Ахмети.

Додаде дека за жал има македонски политички партии, па дури и Албанци што, како што рече, и служат за оваа темнина од исток.

Единствен пат, според него, е НАТО и ЕУ. Тој смета дека не е вистина мислењето на некои Македонци дека ќе го загубат идентитетот, културата и јазикот.

– Напротив со зачленувањето во НАТО и ЕУ нашата држава се засилува, идентитетот се зацврстува додека надвор од НАТО и ЕУ оваа држава не ни може да преживее, рече Ахмети.

Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери рече дека на овој пратенички состав му е дадена чест и одговорност да биде носител на кампањата за референдумот.

– Таа ќе биде транспарентна, правична и без дискриминација. Договорот со Грција ги отвора и ги прави опипливи вратите на НАТО и овие две прашања се тесно поврзани и ние не можеме ако не го прифатиме договорот да ја исполниме стратешката цел за влез во ЕУ и НАТО со што е прифатено од целиот свет, рече Џафери.

Вицепремиерот задолжен за европски прашаеа Бујар Османи потенцира дека на 30 септември Македонија треба јавно да докаже дека сме про НАТО, про ЕУ и про американски расположени и, како што рече, со нашата рака да го прекинеме секој сон на Русија дека ќе се врати тука.

Пред присутните на собирот во Тетово зборуваше и шефот на централаниот штаб на ДУИ за референдумот Атила Реџепи и градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ