Ахмети му го честита изборот на Тачи за претседател на Косово

Од:

Лидерот на Демократска унија за интеграција Али Ахмети му го честита изборот на Хашим Тачи за претседател на Република Косово.

– Република Косово е земја со која Република Македонија е потписник на најголем број на билатерални договори, а неодамна ја ратификувавме Спогодбата за преминување на граничниот премин само со лични карти и отворање на нов граничен премин. Со вас, како Претседател, јас сум длабоко убеден дека нашата соработка ќе се унапреди и понатаму во заемна корист на нашите граѓани и на регионот, стои во честитката на Ахмети.

Собарнието на Косово синоќа со 70 гласови „за“ го избра Хашим Тачи, досегашен вицепремиер и шеф на дипломатијата, за нов претседел на државата. На оваа функција тој ќе остане до 2021 година.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Одаловиќ: Органи на Срби од Косово се продавани во странство

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски