Ахмети-Ле Роа: Дојдено е времето за НАТО и ЕУ

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, денеска во Тетово се сретна со генералниот секретар за надворешна политика на Европската унија и поранешен амбасадор на ЕУ во Македонија Ален Ле Роа, заедно со францускиот амбасадор во Скопје Кристијан Тимоние.

Ахмети, како што соопшти прес-службата на ДУИ, истакнал дека Париз, Лондон, Берлин, Рим, Брисел, Вашингтон како и целата меѓународна заедница го поддржува успешното заокружување на нашиот евроатлански пат.

– Ле Роа е пријател на Македонија и на регионот и затоа се враќа повторно после повеќе од една деценија за да не повика да станеме членка на НАТО и ЕУ поминувајќи го успешно предизвикот на референдумот и уставните измени, истакна Ахмети.

Изрази убедување дека граѓаните позитивно ќе се изјаснат на референдумот на 30 септември.

ДУИ ги презема сите подготовки за успех и прослава на 30 септември, бидејќи ги остваруваме двата последни чекори од нашиот тридецениски маратон за членство во НАТО и ЕУ, се додава во соопштението од партијата.

Ахмети и Ле Роа дискутираа и за состојбата во регионот во пресрет на напорите за конечно стабилизирање и нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата