Ахмети: Комуницираме со партиите со евроатлантска определба и стратешките партнери, нема да постапуваме со емоција

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот фејсбук профил објави дека е во постојана комуникација со сите политички партии освен со оние кои се против Охридскиот договор и евроатлантската иднина на земјата, со цел менаџирање на состојбата создадена по оставката на премиерот и лидер на коалицискиот партнер СДСМ Зоран Заев.

-Состојбата создадена со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите страни со исклучок на тие кои ги негираат Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за доброседство, НАТО, ЕУ, Република Косово и албанскиот јазик. Исто така, за актуелните случувања во контакт и кординација сум со нашите стратешки партнери, САД, НАТО и ЕУ. Нема да постапуваме ниту со емоција , ниту со еуфорија, пишува Ахмети на фејсбук статусот по објавата на ВМРО-ДПМНЕ дека има ново парламентарно мнозинство.

Ахмети наведува дека има многу телефонски повици, пораки и поддршка од сите страни, и во неможност да одговори на сите, порачува, „заедно ќе успееме“, најавувајќи дека за сите случувања партијата ќе информира навремено. – Заедно засекогаш и во секој предизвик, дополнува Ахмети.

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Пресудата е неправедна и разочарувачка, Али Ахмети за пресудата за Тачи

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима