Ахмети ја покани опозицијата да го поддржи процесот за решавање на спорот за името

Од:

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети денес оствари средба со Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.

Ахмети и Тимоние разговараа за политичките актуелности, спорот за името, законот за употреба на јазиците како и Евроатланската интеграција и системските реформи. Лидерот на ДУИ зборуваше за процесот посредуван од Нимиц за спорот со Грција и изрази целосна поддршка за интензивни преговори за конечно решавање на спорот.

Ахмети истакна дека владината коалиција и парламентарното мнозинство се подготвени да им пристапат на последните пречки на нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Тој ја покани и опозицијата да го поддржи овој процес станувајќи активен дел на успехот на граѓаните и нашата земја.

Достоинствен и прифатлив компромис за двете страни е достапен. Ахмети исто така, зборуваше и за неопходноста од продолжување со реформскиот процес во земјата и ДУИ останува посветена за да продолжи со реформскиот процес.

Би можело да ве интересира

Тардиф: Мора да бидеме подготвени за руски шокантен напад врз НАТО

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз