Ахмети: Изборите да поминат во мирна атмосфера и демократски

Од:

Не се сомневам дека и по овие избори ќе бидеме први, изјави претседателот на ДУИ Али Ахмети во интервју за неколку албански портали, апелирајќи денот на изборите да помине во мирна атмосфера и демократски.

– Генерално, кампањата беше мирна, а јас посакувам и денот на изборите да биде мирен, и да бидат исполнети демократските стандарди, изјави Амети.

Кандидатите на ДУИ, вели во интервјуто, имаат конкретни понуди за решавање на проблемите на граѓаните.

– Имаат гаранции од Владата, министрите и од пратениците, истакна Ахмети, според кој, гласот за ДУИ е глас за сигурност, благосостојба и просперитет.

Во врска со повиците неговата партија да ја напушти трката за градоначалник на Струга, тој во интервју истакнува дека се надева оти во Струга ќе победи подобриот.

– Ваквите повици се апсурдни, бидејќи пред изборите им дадов до знаење дека имаме кандидат во Струга, вели Ахмети.

Тој додаде дека ставовите на ДУИ не се непознати ниту за јавноста, ниту за албанските партии кои се во оваа трка.

– Јас, пред да бидат прогласени локалните избори, ги информирав сите дека ќе имам кандидат во големите општини, а во малите каде Албанците се малцинство, да бидеме заедно и да добиеме што поголем број советници. Сега еден дел е остварен, во некои општини каде не можеме да добиеме градоначалник, имаме заедничка листа…Во Струга, важно е изборите да поминат мирно и резултатот да биде прифатлив за сите. Слушам гласини зошто ДУИ во Струга се натпреварува со Рамиз Мерко. А зошто да бидеме надвор од неа, кога сите знаеја дека ќе бидеме дел од неа, бидејќи нашиот електорат го побара тоа, изјави Ахмети,

Тој во интервјуто додаде дека на крајот на краиштата, ДУИ дејствува повеќе од една деценија, а другите се млади и немаат право да повикаат да не учествуваме во трката за градоначалник на Струга.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски