Ахмети: Иванов да ја повлече одлуката без одложување

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба со шефот на мисијата на ОДИХР во Македонија за предвремените парламентарни избори, амбасадорот Јан Петерсен рекол дека без никакво одложување треба да се повлече одлуката на преседателот Ѓорге Иванов за аболиција и помилување и оти таа го нарушува Договорот од Пржино.

– Демократската унија за интеграција (ДУИ) не се согласува со избрзаната одлука на таканаречениот претседател Ѓорге Иванов и бара итно повлекување на одлуката. Оваа оспорена и неправедна одлука го нарушува Договорот од Скопје и досегашните постигнувања и треба да се повлече без никакво одлагање, рекол Ахмети, како што се наведува во партиското соопштение.

Ахмети и Петерсен, на средбата во седиштето на ДУИ во Тетово, размениле мислења околу подготовките за вонредните избори, како и за политичката криза во Македонија.

Како што се наведува во соопштението, Ахмети смета дека сериозната политичка криза во земјата се решава само преку оддржување вонредни избори и преку спроведување на Договорот од Скопје бидејќи граѓаните не можат да ја издржат оваа општествена агонија од што трпи економијата, социјалната помош, но и безбедноста и стабилноста на земјата.

Македонските политички партии, рекол Ахмети, треба да ги надминат тесно-партиските интереси бидејќи државата, институциите и граѓаните не можат да останат заложник на партиски и политички пресметки на која било партија.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби