Ахмети и ракодството на ДУИ пред Уставен суд

Од:

Пред Уставниот суд, каде денеска се одржува седницата на која ќе се расправа по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците, се собираат членови и активности на Демократската унија за интеграција.

Меѓу нив се и членови на највисокото раководство на партијата како поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за образование и наука Арбр Адеми. Присутни се и лидерот на партијата Али Ахмети и на Зијадин Села од Алијанса за Албанците.

Од ДУИ вчера ги повикаа граѓаните да им се придружат. – Ова е одлучувачки момент за иднината на нашата мултиетничка и демократска држава.

Обединети и спокојни, да испратиме порака за важноста од почитување на еднаквоста, правдата и демократските вредности, стои во објавата на Фејсбук.

Околу судот има засилено полициско обезбедување.

Активисти на опозициската ДУИ од неделата се пред Уставниот суд со деноноќно присуство во, како што велат, одбрана на Законот за јазиците. Според ДУИ, укинувањето на Законот ќе значи „уривање на еден од клучните столбови на Охридскиот договор, а владејачката коалиција без легимитет наместо да се работи за заедничка иднина, разденува и напаѓа“

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Протести и судир со полицијата во Полска – премиерот Туск е обвинет за државен удар

А1он

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата