Ахмети и Бајрами ќе сведочат за „Монструм”, Османи уште не потврдил

Од:

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и обвинителот Џелал Бајрами, ќе сведочат на следното рочиште за случајот „Монструм”, кое е закажано за в петок.

Адвокатот на дел од обвинетите во овој предмет Асмир Алиспахич, ја потврдил веста дека Ахмети и Бајрами ќе сведочат, но дополнил дека сведочењето на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, сè уште не е потврдено заради службено патување.

На денешното рочиште за петкратното убиство во Смилковското Езеро, на 12 април 2012 година, сведочеа поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и тогашниот директор на Бирото за Јавна Безбедност, Љупчо Тодоровски, познат по прекарот Радник.

За овој случај треба да сведочи и Синиша Алексовски, советникот за безбедност во кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Тој исказ во судот треба да даде на 27 февруари.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Ахмети е алчен за власт

Горан Наумовски

Муцунски за Османи: Не успеа да добие доверба од своите соседи, а држи лекции за политички легитимитет

А1он

По 24 години, Ахмети првпат го постави државното знаме во својата канцеларија

Катерина Ѓуровски

Кавга меѓу ВЛЕН и Бујар Османи за „српски свет“

ВИДЕО: Непријателите на Албанија ги иницирале протестите вели Ахмети, ги спомна Грција и Белград

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети – против самиот себе или против чичко му Али Ахмети