Ахмети го поздрави постигнатиот договор за формирање Влада во Косово

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, денеска го поздрави постигнатиот договор помеѓу двете најголеми партии во Косово за заедничка Влада.

Во  соопштението од ДУИ се наведува дека демонстрираната државотворна одговорност на Хашим Тачи и Иса Мустафа е ветувачка во насока на оддржлива стабилност на земјата, како и успешно справување со предизвиците што стојат пред Косово.

– Се надевам дека новата влада во Косово ќе се формира што е можно побрзо за да ги продолжиме нашите напори за да го подобриме животот на нашите граѓани преку оддржување на што е можно поскоро заеднички владини седници, поминување на границата само со лични карти, интегриран менаџмент на границата, изградба на патот од Скопје до Приштина како и блиската соработка на сите полиња, се вели во пишаната изјава на лидерот на ДУИ Ахмети.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Одаловиќ: Органи на Срби од Косово се продавани во странство

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски