Ахмети ги почнува манифестациите со кои ќе се одбележи „Годината на Скендербег”

Од:

Денеска на плоштадот Скендербег во Скопје, пред споменикот на Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ги почнува манифестациите со кои ќе се одбележи „Годината на Скендербег” по повод 550-годишнината од смртта на, како што пишува во најавата, албанскиот национален херој Ѓерѓ Кастриот – Скендербег.

Во големата купола во Собранието ќе биде организирана свечена академија.

На свеченоста ќе говорат претседателот на Собранието, Талат Џафери, директорот на Институтот на духовното и културното наследство на Албанците, Скендер Асани, директорот на Институтот за национална историја, Драги Ѓеорѓиев и Владо Поповски, историчар и член на Одборот за одбележување на 550-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег.

Ќе биде промовирана и поштенска марка со ликот на Скендербег, а по тој повод ќе се обрати и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Македонска пошта“, Фаадис Реџепи.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата