Ахмети: ДУИ нуди решенија за проблемите на граѓаните

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на вечерашниот предизборен собир во Шуто Оризари повика да не се парцијализирааат албанските гласови поради големиот број пријавени кандидати и повтори дека ДУИ ќе соработува со СДСМ во некои општини.

На национално ниво, рече Ахмети, ДУИ останува прва сила кај Албанците, но загрижува парцијализацијата на албанските гласачи. Потсети дека на последните парламентарни избори Албанците освоиле само 20 мандати, наспроти 28 на претходните избори.

Лидерот на ДУИ рече дека за претстојните локални избори нудат решенија за прашања кои ги засегаат граѓаните, од инфраструктурата, урбанизмот, планирањето до образованието и здравството.

За соработката со владиниот коалициски партнер СДСМ, псосочи дека се прави од прагматични цели.

– Не можеме да победиме за градоначалник на Град Скопј и затоа му помагаме на коалициониот партнер, а тој ни помага таму каде што е можно – во Тетово, Чаир, Гостивар, Кичево, рече Али Ахмети на митингот во Шуто Оризари.

Изрази увереност за победа на изборите на 15 октомври, ветувајќи дека ќе продолжи унапредувањето на паравата на Албанците и на животот на граѓаните воопшто.ј

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он