Ахмети бил одбиен да присуствува на погребот на Арбен Џафери

Од:

„На денот кога почина почесниот претседател на Демократската партија на Албанците, Ахмети изрази желба да учествува во церемонијата на последното испраќање на Арбен Џафери, но одговорот од ДПА беше негативен. Тоа беше краток одговор, без натамошно објаснување. Рекоа само дека Ахмети не е добредојден и затоа не може да учествува на погребот“.

Ова е објаснувањето од партиски извори во ДУИ за „Журнал“ зошто лидерот на партијата не присуствувал вчера на погребот на почесниот претседател на ДПА, Арбен Џафери.

Партиски извори велат дека од ДПА им укажале дека Ахмети не е добредојден и затоа е подобро да не се појавува на погребот на Џафери.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад