„Ако настрада невин во „Монструм“ коалицијата ќе има последици“

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за Македонската телевизија изјави дека ниту еден невин Албанец нема да настрада во судскиот процес за убиството во скопско Смиљковци.

Гарантирам дека ниту еден невин нема да настрада во овој судски процес. Ако има отстапувања во судскиот процес, тоа ќе значи дека коалицијата ќе има последици, изјави Ахмети, коментирајќи ја операцијата „Монструм“ и апсењето на осомничените за петкратното убиство.

Ахмети за МТВ ги коментираше и изјавите на министерката за внатрешни работи дека се упасени исламски радикали и дека тие се виновни за петкратното убиство. Тој кажа дека Јанкуловска се правдала дека нејзината изјава е извадена од контекст.

– Уште пред да се изјасни судот, да изјавиш дека тој е криминалец или тој е радикал е целосно неприфатливо и поради тоа таа треба да сноси одговорност, изјави Али Ахмети.

Ахмети кажа дека побарал од САД, ЕУ, ОБСЕ да формираат заедничка комисија, со цел да ја зголемат довербата кај јавноста, да не се дејствува врз невини луѓе. Затоа според Ахмети, е ангажирано ОБСЕ да го набљудува целиот процес. Ахмети рече дека во Македонија нема радикални исламски групи, како што се обидуваат некои медиуми во регионот да објават, туку само одредени индивидуи, како што може да има во секоја друга земја.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски