Сивата ромска политичка зона да стане бела и ромската заедница достоинствено да учествува во креирањето економски развој и иднина на младите. Ова од Делчево денеска го порача претседателот на Партијата за демократски просперитет на Ромите, Аксел Ахмедовски кој потенцираше дека партијата се одлучила за коалиција на претстојните избори рече дека само на тој начин ќе се обезбеди еднаквост за сите.
-На тој начин ќе се обезбеди и толеранција искоренување на дискриминацијата и сиромаштијата преку креирање на заеднички јавни политики со активна вклученост на вистински претставници на ромската заедница во институциите на системот. Ако ме прашате зошто коалиција со СДСМ, затоа што сметаме дека на тој начин ќе биде обезбедена поголема социјална сигурност, рече Ахмедовски.
За време на неговот учество во Владата, како што додаде, гарантираната минимална помош е трипати повисока од социјалната помош, а паралелно е воведена социјална сигурност за старите лица, таканаречена социјална пензија за лицата над 65 години.
-Воведен е детски и образовен додаток за деца од семејства корисници на гарантирана минимална помош, покачена е минималната плата, покачена е минималната пензија, овозмоѓено е ослоодување од пратиципација за здравствено лекување за семејства корисници на гарантирана минимална помош и пензионери со ниска пензија, зголемена е вработливоста пред се за младите Роми преку активните мерки за вработување, додаде Ахмедовски.
Претседателот на Партијата за демократски просперитет на Ромите кој се наоѓа и на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Третата изборна единица исто така напомена дека за време на неговото едногодишно министерување во Министерството без ресор, со урбанистичката експанзија биле опфатени ромските заедници во повеќе градови во државата. Најави дека овие прашања, кои се од особен интерес за ромската заедница, во претстојниот мандат ПДПР како партија, уште подобро и поквалитетно ќе ги сработи.